Поранешната лична асистентка ја тужела познатата пејачка, бидејќи, наводно била експлоатирана, малтретирана и не и биле платени прекувремените работни часови.
Џенифер О Нил (41) работела како личен асистент на Лејди Гага 13 месеци за време на нејзината светска турнеја и тврди дека не и биле платени 7.168 прекувремени работни часови, односно 380.000 долари и дека пејачката кон неа се однесувала како кон роб.
Таа навела дека пејачката е многу разгалена и дека морала да и го додава пешкирот по туширање, а вели дека и служела како нејзин жив будилник.
Иако тврди дека сите обврски ги исполнувала на време и како што треба, Лејди Гага не и дозволувала ни минута да оди на пауза за ручек ниту да се наспие.
“Тужбата на г-ѓа О Нил нема основа”, накратко изјавил портпаролот на познатата пејачка.