Sony се повлeкува од пазарот со LCD

popara27 декември, 20111min00
111226043

Компанијата Sony ќе продаде скоро 50 проценти акции кои ги имаше во заедничкото вложување во LCD екраните со Samsung Electronics. Купувач е Samsung, а за половина од акциите ќе издвои 940 милиони долари, јавуваат од јужнокорејската комапнија.

Од Samsung највуваат нова генерација на рамни екрани, додека Sony бараше излез од пазарот бидејќи своето внимание ќе го насочи на нешто друго. Аналитичарите тврдат дека пазарот на LCD телевизорите го достигна својот врв во изминатата година носејќи профит од 100 милијарди долари на разни производители.

Од Sony најавија зајакнување на пазарот на смарт телефони и тврдат дека во уредите ќе вложат вкупно 1,5 милијарди долари, заедно со компанијата Ericsson.

Од компанијата изјавија дека се надеваат дека ќе креираат нови музички и видео апликации кои ќе им помогнат да се натпреваруваат со водечките во тоа поле, како што на пр. е Apple. Со продажбата на своите акции на Samsung, Sony ја прекина соработката која е воспоставена во 2004 година, пренесува Reuters.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma