Кралицата на романтичните комедии, Мег Рајан во педесетите години од својот живот реши да застане од другата страна на камерите. Таа прифати да биде режисер на филмот “Into the beautiful”, кој ќе го продуцира Венди Финерман. Инаку таа ги има продуцирано филмските хитови: “Forrest Gump”, “P.S. I love you”, и “The devil wears Prada”.
Често ме привлекуваат филмови кои може да те насмеат и да те расплакаат истовремено, мислам дека ова е совршен проект, изјави Мег Рајан.
Освен овие информации, не е познато кои ќе бидат актерите ангажирани за новата романтична комедија.