Американците очигледно се опседнати со сланина. Покрај чипосвите, пуканките со вкус на сланина, моментно хит е чоколадата со арома на сланина. Па не е ни чудо што на американскит пазар се појави парфем кој има мирис на сланина.
Парфемот е наречен BaconAir и се продава по цена од 36 долари. Тој е мешавина од есенцијални масла, билки и секако есенција од сланина. Сланината во шише е достапна во две варијанти, класик и голд.