Диетата чии основни компоненти се медот и овесните јадки е особено добра за прочистување на организмот од натрупаните токсини. Според специјалистите што ја изработиле диетава, се препорачува да трае 4 дена во рамките на кои можат да се намалат 3-5 килограми.
Погледнете во што се состои самата диета:
Секој ден се приготвува мени врз основа на следниве составки:
250 гр овесни јадки
300 мл кисело млеко
Една лажица мед
Изрендана кора од два лимони
Смесата се приготвува во дрвен сад, најпрво се испивува медот, а потоа изренданата лимонова кора. Постепено се додаваат киселото млеко и овесните јади и се меша додека добро не се изедначи. Смесата се остава да одсатои за време на ноќта. Ова количество е за еден од четирите дена на диетата.
Колку и строга да изгледа оваа диета не е тешка за исполнување бидејќи медот и овесните јадки заситуваат, а освен тоа трае само 4 дена.