Најголемиот мозаик направен од зрна кафе, направен во Албанија, влезе во Гинисовата книга на рекорди.
Мозаикот го порачала компанијата Лори Кафе, една од најголемите компании за кафе во Албанија, а го направил светски познатиот уменик Самир Страти.
Самир започнал да го прави мозаикот на 11 ноември 2011 година, а искористил преку еден милион зрна кафе увезени од Бразил, Индија и Венецуела, како и различни видови на печени гравчиња за различните бои на мозикот. Своето уметничко дело Самир го завршил еден месец подоцна, на 11 декември.
На мозаикот се прилажани пет континети преку танчерка од Бразил, која ја претставува Јужна америја, јапонски тапанар, кој ја претставува Азија, американски кантри пејач, кој ја претставува Северна Америка, афрички тапанар кој ја претставува Африка, и свирач на хармоника кој ја претставува Европа.
За мозаикот, кој е со површина од 25,18 метри квадратни, Самир вели дека ја пренесува пораката „Еден свет, едно семејство, преку шоља кафе“.
Инаку Самир веќе држи неколку други гинисови рекорди, како на пример најголем мозаик направен од тапи, најголем мозаик направен од метални шајки, како и најголем мозаик направен од направен од четки за цртање.