Собранието ќе се распушти во четврток, a утре ќе почне постапката за избор на претседател на Државната изборна комисија. На денешната координативна средба кај претседателот на Собранието, Трајко Вељановски, опозицијата повторно не се појави.
Вељановски соопшти дека денеска и утре ќе се собираат потписи од пратениците за распуштањето на Собранието.
Вељановски апелираше до опозицијата да учествува на изборот на претседател на ДИК и на денот на распуштање на Собранието, бидејќи, како што посочи, тоа било нивно барање и на нивни предлог.
Извор: Нетпрес