Северина сеуште се наоѓа во Болницата во Сплит, а нејзиниот лекар д-р. Томислав Стриниќ ја објасни состојбата на неговата пациентка. Нејзиниот менаџер Томислав Петровиќ, исто така, ги негираше гласините дека Северина се породила денес.
“Северина се чувствува одлично, со терапија заврши денес“.
“Северина во поодмината бременост поради благите компликации беше задржана во болница. Северина одлично се чувствува и задоволна е од сместувањето во оваа извонредена институција, а нашиот персонал е исклучително пријатен”, изјави д-р Томислав Стриниќ од Одделот за гинекологија и акушерство во Болницата во Сплит.