C-x16 концептот од Jaguar се карактеризира со V-6 мотор со 375 коњски сили поврзан со електричен мотор и 8-брзински менувач. Кога е потребно, возачот може да ги побика дополнителните 94 коњи од електричниот мотор, со едноставно притиснување на копчето кое се наоѓа на воланот. Јагуар вели дека C-x16 може да работи во електричен режим со брзина до 80 километри на час.