Пејачката Никол Шерцингер и возачот на Формула 1 Луис Хамилтон ја прославија новата година на скијање во Колорадо. Двојката во октомври минатата година ја прекинаа четири годишната врска, но сега се повторно заедно.
Во неодамнешното интервју Никол била таинствена кога зборувала за Луис.
“Тоа е за мене многу осетлива тема. Ние и понатаму сме добри пријатели и јасно е дека повторно се сакаме”, изјавила Никол.
Хамилтон исто така признал дека не е рамнодушен на Никол: “И понатаму имаме силни чувства еден за друг. Многу ја сакам. Кој знае, можеби во иднина ќе бидеме повторно заедно”.
Извор близок до двојката открива дека тие двајца дефинитивно се многу повеќе од пријатели, а тоа го потврдува и романтичниот пречек на Новата година во планинска колиба.
Се шетале две гуми од формула 1 и по пат виделе крампонка и и рекле:
– Што бе пак пубертет?