Режисерот Роман Полански неможе да го спречат ни судксите спорови, ни неугледните статуси, за да продолжи да работи на својата филмска кариера.
Тој е сериозен кандидат за режисер на новиот филм “True Crime”, кој е базиран на вистинска приказна. Филмот ќе се занимава со деталите околу убиството на бизнисменот Дариуз Јанизевск, за кој се верувало дека нема ниту еден непријател. Неговото тело било пронајдено во река, во 2000-та година.
Во меѓувреме, додека Полански не се реши да го потпише договорот за овој филм, неговиот “Carnage” со Кејт Винслет и Кристофер Валтц тргнува во дистрибуција.