Глобалната потрошувачка во подрачјето на технологијата во 2012 година, би можела за прв пат да надмине билион долари. Ова е најавено за време на еден од најголемите светски технолошки саеми.
„Три ипол милијарди луѓе”, беше цитиран во Los Angeles Times директорот за индустриската анализа на саемот Consumer Electronics Show, Стив Коениг, „и сите сакаат телевизори, мобилни телефони… Тоа е огромна пазарна можност. Не знам како ќе достигнеме два билиони, но доколку продолжи растот со ова темпо, веројатно нема долго да чекаме”.
Растот нема да биде ограничен само на земјите во развој. Него ќе го бележат и развиените земји, како САД. Но, најголемиот допринес ќе го дадат земји како КИна и Бразил. Се очекува да има се повеќе поефтини смарт телефони, но и дека LCD телевизорите добро ќе се продаваат.
Технолошките компании на пазарот ќе исфрлаат нови смарт телефони и таблети кои ќе бидат мултифункционални и ќе можат да ес заменат со постарите уреди. А можеме и, во поголема мера од досегашната, да ги прилагодуваме на своите желби и потреби.
Тие трендови се најавени на почетокот на CES, еден од најголемите светски технолошки саеми. Почнува денес и ќе трае до 13 јануари во Лас Вегас.
Се очекува на саемот да бидат претставени околу 20 илјади нови производи. Ќе има многу смарт телефони, кои се повеќе ќе бидат како пресонални компјутери кои ќе можеме да ги носиме во џеб. Исто така се очекува премиера на 30 до 50 нови ultrabook, тенки и лесни лаптоп компјутери.
http://www.youtube.com/watch?v=_k8pT0FyQYU&feature=player_embedded