75% од жените придаваат на сексот особено важна улога во својот живот и сакаат повеќе и почесто да разговараат на таа тема со саканиот човек, а 25% од нив мечтаат за непредвидливи интимни ситуации, а не секс по распоред.
Најраспространета причина за недоволно задоволство кај жените е нарушената ерекција на партнерот. Ова го покажуваат изводите од спроведеното истражување од страна на германската компанија Bayer Schering Pharma, која има за цел да ја открие главната причина за сексуалното незадоволство кај жените во целиот свет.
Повеќето жени во светот сакаат да имаат секс секој втор ден, а резултатите покажуваат дека тоа им се случува средно 2-3 пати седмично.
Треба да се одбележи исто така дека интимните односи за жените не се само начин да се задоволат сексуално, но и физички условена неопходност. Па поради тоа недостатокот на секс се одразува негативно на здравствената состојба на жената.
Поголемиот дел од учесничките во експериментот изјавиле дека сексот ги прави да се чувствуваат поубави и сакани.