Сестрата на старлетата Ким Кардашијан, Клои Кардашијан и нејзиниот сопруг Ламар Одом го пронајдоа својот совршен дом во Далас.
Станува збор за луксузен апартман во склоп на Dallas Victory Hotel & Residences, а киријата на ова луксузно живеалиште е „скромни“ 7500 долари месечно.
Апартманот располага со две спални соби и две бањи и прекрасен поглед на градот, како и со сопствен бар, комплетно опремена кујна и маса за билијард.
Комплексот во кој се наоѓа апартманот располата со фитнес центар, спа, базен, соба за приватни забави и нешто што се нарекува „Секаде и Секогаш“ услуга.