Во затвор за неточна временска прогноза?!

popara14 јануари, 20121min00
vremenska-prognoza

Метеролозите во Јужна Африка ќе бидат осудени на затворска казна ако не им бидат точни временските прогнози.
Независните метеролози може да се соочат со затворска казна од 10 години и парична казна од 1.200 долари, ако објават неточна временска прогноза без официјална дозвола.
Оваа закана е наведена во новиот закон, чија цел е да ја спречи паниката и економската штета предизвикана поради погрешеи предвидувања на бури, поплави или суши.
Според предлоѓениот амандман, секој кој сака да објави лошо време, ќе мора прво да добие дозвола од Националната метеоролошка служба.
Предвидената казна затвор е помеѓу 5 и 10 години и од 600 до 1.200 долари.
Противниците велат дека целта на овој “драконски” закон е да го потврди и заштити овој нефер монопол на услугите на Националната метеоролошка служба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma