Британскиот рокер Ози Озборн ќе биде прогласен за рок легенда на овогодинешните доделувања на наградите на музичкиот магазин”Kerrang”.
Тој во текот на својата триесет годишна кариера како соло уметник, инспирираше стотина рок фанови, изјавил уредникот на Kerrang. Како што пренесува BBC, 62 годишниот рокер наградата ќе ја прими на 9-ти јуни на свечената церемонија која ќе се одржи во Лондон.
Исто така тој ќе настапи на големиот концерт на 21 јуни по повод 30 годишнината од постоењето на рок магазинот Kerrang.