Трент Арсенаулт, контроверзниот донатор на сперма од САД, повторно шокира. Овој 36 годишен маж тврди дека се уште е девица, пред се бидејќи несакал да си ја распие својата сперма.
Тој смислил како да остане девица и да има деца.
Трент неодамна се нашол на мета на американската Агенција за храна и лекови поради својата приватна „органска банка на сперма“, преку која овој човек им помага на многу двојки кои неможат да имаат деца.
До денеска тој е родител на 14 деца. Трент инаки не ја наплатува својата сперма, а единствена мотивација му е помошта која ја нуди на потенцијалните родители.