На вчерашното кратко сослушување во Лос Анџелес семејството на Мајкл Џексон го повлече барањето според кое д-р Конрад Мареј, кој е прогласен за виновен за смртта на кралот на поп музиката, се барало на неговото смејство да им исплати 100 милиони американки долари.
Обвинителството го информирало судијата кој работи на случајот за тоа дека семејството на Мајкл Џексон одлучило да се откаже од финансиската компензација и побарале оваа точка да се отстрани од дневниот ред.
Да ве потсетиме, Мареј поради давање на фатална доза на пропофол на Мајкл Џексон е прогласен за виновен за убиство и е осуден на четири години затвор.