Италијански дилер на дрога бил уапсен, а полицијата направила претрес во неговиот дом и открила дека како чувар на дрогата дилерот си поставил каиман – вид на мал алигатор со многу остри заби.
Алигаторчето, кое изгледало навистина неухрането, жестоко ја бранело дрогата од полицајците кои сакале да ја запленат.
„Алигаторот, кој беше долг околу еден метар, му припаѓа на еден навистина опасен вид на крокодили и може со еден гриз да му ја откине раката на секој човек“, изјавила полицијата.
Алигаторчето било згрижено во шелтер центар за животни, а на дилерот му се закануваат обвиненија за поседување и тргување со дрога, но и за злоупотреба на животни.