Сопственикот на српската телевизија “Пинк“ вчера на сослушување во полиција за прв пат ги навел имињата на оние за кои се сомнева дека го труеле, пишува српски “Пулс“, пренесува НетПрес.
“ Митровиќ дојде во полиција во придружба на еден телохранител. Сослушувањето траеше само 45 минути бидејќи бил јасен и прецизен. И официјално за прв пат ги навел имињата на оние за кои се сомнева дека учествувале во неговото труење“, изјавиле полициски извори.
Сопственикот на “розевата империја“ во полиција потврдил дека знае кој сакал да го убие, а неговите сомнежи, неофицијално ги потврдила и интерната истрага што ја спровел уште додека бил на лекување во Германија.
Во интерес на истрагата никој не сака да ги открие имињата кои ги навел Жељко, но сепак полицискиот извор додава дека тоа се луѓе чии имиња и претходно се споменувале во медиумите.
На јавноста веќе и се познати Златко Крмпотиќ и неговата сопруга Лола, инаку родена сестра на сопругата на Жељко, Милица Митровиќ.
Докторите во крвта на Жељко пронајдоа отровни суспстанци како арсен, бензен и изотопи на олово. Според првичните наоди, овие отровни супстанци биле внесувани во организмот на Митровиќ во период од шест месеци. Митровиќ беше хоспитализиран во болница во Германија кон крајот на месец декември, каде остана на лекување два месеци.
Извор: Нетпрес