Во ноември 2007 година, од страна на Агенцијата за млади и спорт беше организиран проектот за избор на национална спортска химна. Големото финале беше закажано за 10 ноември, во „Метрополис арената“ на Скопски саем. Во најтесниот избор влегоа 12 спортски химни, а меѓу изведувачите се наоѓаше и Тоше Проески, чија химна “Македонија навива за вас“ е последната песна која Проески ја отпеа пред трагичната смрт.
Со вкупно 196 илјади гласа песната “Македонија навива за вас“ победи на изборот и стана официјална спортска химна на Македонија. На оваа манифестација од вкупно 213 илјади телефонските гласања беа собрани околу 17 илјади евра, кои беа донирани за помош во лекувањето на малиот Тео Тасев.
“Тоше навива за Македонија, засекогаш“!!!
httpv://www.youtube.com/watch?v=HHlrc2zmqZU