Живееме во време на големи и неисполнети ветувања. И покрај тоа што во суштина сите ние сме егоисти, малкумина од нас разбрале дека овој свет не се владее од љубовта и пријателството, од чесноста и поштеноста, разбирањето и взаимната почит. Самата мисла, да се грижиме пред се за самите себе, а потоа за другите, е доволна за да разбуди кај повеќето чувство за вина. Тие велат „До каде ќе стигнеме ако сите луѓе бидат егоисти?“. Но ако секој се грижеше повеќе за самиот себе, отколку за другите, ќе имаше многу помалку несреќни лоѓе. Кој што не е спремен да се справи сам со животот и да ја заштитува со нокти и заби сопствената среќа од сите што сакаат да му наштетат, нема ни најмали шанси да биде задоволен од истиот тој живот.
Што и да се зборува за неопходноста да се приспособуваме на околните, тоа не треба да ни ги затвара очите за тоа дека единствено ние самите сме одговорни за себе си. Треба да знаете дека кога ќе немате што повеќе да дадете, никој нема да се погрижи за вас. Ништо во животот не се добива како подарок. И во љубовта исто. Се што сакаме да постигнеме си има цена и секој од нас треба да ја плати. Кога ќе се ставиш себе си на прво место, а после тоа се останато и сите други, тогаш ќе имаш успех во љубовта и животот воопшто.