Најновото истражување кое го спроведоа британските научници, докажаа дека интелигентните мажи помалку вршат неверства. Па така доколку сакате да видите колку вашиот партнер е склон кон неверства, тогаш само подметнете му тест од Менса.
Колку е поголема интелигенцијата толку е помала шансата за “излети” во врската, изјавиле научниците. Станува збор за еволуцијата кај мажите: на интелигентните мажи полесно им е да го контролираат примитивниот нагон и полесно се држат до ветувањето за верност, истакнал професорот Сатоши Каназави од лондонското школо. Интелигентните мажи повеќе размислуваат за последиците кои може да дојдат од неверството.
Сеуште не е потврдено дека интелигентните жени се поверни.