Не е виновен само оној што изневерил

popara4 февруари, 20121min00
cc

Широко разпространето и невистинито е верувањето дека виновен е само неверниот, а измамениот станал негова жртва. Сосема не е така. Колку и да им е непријатно на сите оние измамени во љубовта, жени или мажи, треба да прифатат една вистина – одговорни се и двајцата, дури често измамените сами си се виновни!

Никој не е осигуран дека во даден момент од животот нема да се најде во улогата „изневерен“. Но шансите да стане таков му се зголемуваат повеќекратно ако:

Направил погрешен избор и не си ги отворил очите. Уште на самиот почеток може да се научи многу за карактерот на партнерот. Ако тој изневерувал и предходно, ако е лабилен и непостојан и неможе да се воздржи пред искушението, подобро да си немате работа со него.

Имате страв од самотија и сте склона да си ги затварате очите пред очигледните знаци – од аромата на туѓ парфем до зголемениот број службени отсуства, убедувајќи се дека љубовната авантура не остава трагови. Всушност тоа може да ја направи вашата врска од загрозена во мизерна и очајна .

Живеете со уверувањето дека штом еднаш сте го придобиле тој ќе биде ваш засекогаш. Оваа илузија е погубна, потешко е навистина да го задржиш, што бара постојани напори и грижи. Ако интересот намалил, ако постојано разговорите ви се вртат само околу секојдневието и немате повеќе желба да го импресионирате, вие веќе сте создале ризична ситуација и ништо чудно еден ден да откриете дека ве лажат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag