Руските пратеници овој геџет ќе го добијат по должност да го користат. Агенцијата Танјуг објави дека сите членови на руското собрание кои ќе бидат избрани во декември ќе добијат iPad. Ова решение било донесено поради темата “електорнски парламент: прашање на правна сигурност“, пишува еден руски весник. До сега руските пратеници добиваа телефони, диктафони и лаптоп компјутери, а од сега ќе добијат и по еден таблет. Неколку печатени медиуми напишале дека повеќето пратеници веќе го имаат овој гаџет, но претежно го користеле за забава.