Во кинеската престолнина можел да падне германскиот сателит, но за среќа се срушил во Бенгалскиот залив седум минути подоцна од предвиденото.
Пекинг- Имавме среќа.
Кинескиот главен град Пекинг за само седум минути избегна уништување кога во октомври месец минатата година, германскиот сателит „Росат“ тежок два и пол тони, две децении по лансирањето падна на земјата, откриваат научниците.
Сателитот кој на крај паднал во Бенгалскиот Залив летал право кон кинеската престолнина, а доколку паднел таму тоа би било огромна катастрофа и уништување на големиот град. Сателитот според експертите би направил огромен кратер, би предизвикал експлозии, рушење на згради, а човечките жртви не би можеле да се избројат.
Според соопштението наМанфред Варахаут од Европскиот центар за вселенски операции, Пекинг бил директна мета на патот на сателитот, но тој паднал седум минути подоцна од што се очекувало.