Crystal Harris објави дел од нејзините подготовки за големата свадба со основачот и споственик на Playboy, Hugh Hefner. Таа нема да носи бел фустан на големиот ден. Crystal изјавила дека нејзиниот фустан ќе биде розов бидејќи тоа е заштитната боја на Playboy, а воедно и нејзина омилена боја.
Освен фустанот, цветниот аранжман и многу други декорации ќе бидат во интензивно розова боја. Нивната свадба е закажана за точно два месеца. Инаку Hefner неодамна изјави дека се чувствува млад исто колку и девојката која го допира, во случајов тој се чувствува како да има 24 години.