Дека потполно се опоравил од пневмонија која за малку ќе го чинеше живот, Џорџ Мајкл прикажа објавувајќи фотографија од годишниот одмор на својот Твитер профил. Џорџ Мајкл ужива во одморот со својот дечко Фади Фаваз, а дека навистина се забавуваат се гледа и на фотографијата која пејачот ја поставил на својот профил. Двојката се среќни и очиглено многу заљубени, а Мајкл под фотографијата напишал: “Зарем не е сладок?”. Прашањето секако се однесува на Фади.
Иако не открил каде го поминуваат својот годишен одмор, пејачот вели дека се на јужната хемисфера.
Исто така, своите следбеници на социјалната мрежа ги информирал дека подготвува нов сингл.
“Луѓе, толку сум возбуден, бидејќи штотуку ја завршив новата балада поради која ќе помислите дека повторно е роден Мајкл од 80-тите”, напишал Мајкл.