Милијардерот Richard Branson ќе даде остров на загрозените примати лемури. Богатиот Richard Branson својот карипски осторв планира да го даде за некои од најзагрозените видови животни во светот. Тој планира да создаде колонија од лемури на неразвиените острови на Британските Девствени Острови. Приматите многу брзо исчезнуваат од својот роден Мадагаскар, а Richard Branson добил дозвола да увезе 30 лемури. Тој се надевам дека ќе има повеќе од десетина видови на лемури на својот остров. “Можеби со тек на време че најдеме уште еден или два острови, поголеми, ако Мадагаскар продолжува да ги уништува своите животниски видови, така што лемурите ќе преживеат на друго место на планетата“, изјавил Branson за АР. Критиките се разбира веднаш пристигнаа, со стравувања дека лемурите кои се сештојади ќе влијаат на истребување пак на матичните чивотни од тие острови. Друг биолог го предупредува милјардерот Branson дека менување на средина на егзотичните видови никогаш не успева. Richard Branson сепак планира да се сретне со многу научници и експерти од разлилни области за да го направи овој проект успешен и да најде начини за решавање на проблемите кои може да се јават.