Постојат многу неодговорени прашања кои се однесуваат на стареењето на кожата. Екпертите се обидоа да дадат одговор барем на еден дел од прашањата, а со тоа и да ни помогнат како да се заштитиме од предвременото стареење на кожата.
Брчките го одразуваат нашето здравје. Прекумерната изложеност на сонце, како и пушењето предизвикуваат предвремена појава на брчките. Особено лицата со светол тен и сува кожа треба да внимаваат кога излегуваат на сонце. Секогаш користете креми со заштитен фактор. Користете креми кои ќе ја ревитализираат кожата и ќе и дадат влага. Сувата кожа е главен фактор за појава на брчки.