Кание Вест, кој важи за еден од најдобро облечените мажи во светот, ја финализира својата нова колекција, на која работи последниве месеци и за која редовно објавува извештаи на Твитер.
Раперот ќе ја претстави својата нова , втора по ред, колекција на овогодинешниот Fashion Week во Париз на 6 март. Локацијата на ревијата на Кание сеуште не е позната, но се претпоставува дека тој ќе подготви нешто спектакуларно.
Неговата прва колекција, прикажана минатата година во главниот град на Франција, доби поделени критики.