Марулата – универзалниот зеленчук!

popara14 февруари, 20121min00
mmm

Марулата е популарна компонента на салатите, не само поради неверојатниот вкус, но и поради огромната полза за здравјето на човекот. Зелената салата е добар извор на хлорофил и витамин К. Таа е богата и со минерални соли. Богата е и со лутеин и бета-каротин. Таа изобилува исто така и со витамин Ц, калциум, растителни влакна, фолна киселина и железо. Марулата вклучува во својот состав и други неопходни материи за нас, меѓу кои витамин А, Б6, ликопен и калиум.

Бета-каротинот кој го има во марулата е докажано ефикасен во борбата со тешките болести како болести на срцето, инсулт, рак и многу други.  Магнезиумот пак кој го има во висока концентрација помага во процесот на обновување и регенерација на ткивата, нервите, мозокот, и мускулите. Зелената салата е богата и со фолна киселина која претставува превенција од вродени дефекти кај плодот во утробата. Освен тоа е превенција и од анемија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma