Штедливите светилки се канцерогени и предизвикуваат рак, тврдат германски стручњаци,објави “Блиц“, пренесува Нетпрес. До 2016 година, штедливите сијалици треба целосно да ги заменат светилките со вжарено влакно во европските земји.
Истрага на јавната телевизија АРД сериозно ги растревожи корисниците во Германија, откако покажа дека овие електрични сијалици, кои штедат енергија, емитуваат канцерогени феноли, додека светат.
Германската телевизија ангажирала експерти, кои ги истражувале штедливите сијалици на пет водечки германски компании и во сите воспоставиле одвојување на феноли во штетни концентрации, способни да предизвикаат рак.
Овие штедливи сијалици, беа наметнати со директива на ЕУ во 2009 година, поради заштеда на енергија. Од септември 2009 година на пазарот во европските земји веќе не се продаваат сијалици со вжарено влакно од 100 вати.
Извор: Нетпрес