Смислен од уметникот Курт Першке, Проектот црвена топка претставува иницијатива во која големи црвени топки се лоцираат во тесни простори во различни градови како Портланд, Чикаго, Тајпеј, Сиднеј, Абу Даби и Барселона. Главната цел на проектот е да се „пристапи до имагинацијата која е составен дел од сите нас” вели уметникот. „На површината, искуството изгледа дека е самата топка како објект, но вистинската моќ на проектот е што може да креира работи за тие кои го искусуваат и чувствуваат. Отвара врата за да се замислите што ако?”