Семејството на починатата пејачка Витни Хјустон смета дека Боби Браун би можела да ја искористи нејзината смрт за да се доближи до нивната ќерка Боби Кристин од само една причина – наследството на Витни.
Мајката на пејачката, Сиси Хјустон прави се со цел да го спречи Боби да се приближува до 18 годишната внука, бидејќи се плаши дека поранешниот сопруг на нејзината ќерка ќе ја искористи.
Семејството е убедено дека Боби банкротирал и дека глуми посветен на ќерката за да дојде до имотот вреден околу 20 милиони долари, кој до крајот на годината би можел двојно да се зголеми.
Боби во почетокот на неделата се обидел да ја посети ќерката со која со години е во лоши односи, но семејството на Витни го спречило. Наводно тиа го предупредиле дека е не треба да се појави на погребот, ниту во животот на Боби Кристин.
Помеѓу Браун и семејството на неговата поранешна сопруга низ годините паднале тешки зборови во голема мера бидејќи сметаат дека тој е одговорен за проблемите со алкохолот и дрогата кои ги имаше нивната ќерка.
Но, тој тврди дека токму поради Боби Кристин сака да ги закопаат секирите со семејството на неговата поранешна сопруга.