Американскиот производител на чипови ‘Intel’ започна да соработува со кинеската компанија ‘Tencent’ во отварање на истражувачки центар за осмислување на нови идни услуги и технологии кои можат да се применат во тактилни (осетливи на допир) таблети (мини преноси уреди) во Кина, пренесуваат француските електронски медиуми.
‘Intel’ ќе се фокусира на хардверот и оперативниот систем, додека ‘Tencent’ на услугите и корисничкиот интерфејс. Во центарот на различните проекти кои ќе се развиваат треба да биде платформата “Migo“. Во ова истражувачка програма во Кина на почетокот ќе се ангажираат 60 инжињери од двете компании, а нивниот број постепено со проширувањето на истражувањето во нови облсти ќе се зголеми на 200. Центарот првенствено ќе ја испитува можноста да се даде онлајн услуга преку различни уреди, од паметните телефони до телевизори.