
Кога често се среќаваме со дадени луѓе, тие стануваат дел од нашиот живот. И кога ќе станат дел од нашиот живот, почнуваат да се обидуваат да го променат. И се лутат кога не го правиме она што тие го бараат од нас. Бидејќи секој мисли дека знае како другиот треба да си го живее својот живот, а всушност никој не знае како треба да го живее својот сопствен.
Ако сакаш некого, напиши го неговото име во круг, наместо во срце, зошто срцата се кршат, но кругот се врти вечно.
Човек треба да биде доволно голем, за да си ги признае грешките, доволно паметен за да спечали од нив и доволно силен за да ги поправи. Секогаш го правам она што неможам, за да научам како да го правам!
Сегашноста е она што минува покрај нас неусетно, додека мислиме за минатото и се тревожиме за иднината.
Единственото сигурно нешто, е дека ништо не е сигурно.
Ако сакаш некого, пушти го на слобода. Ако тој се врати, засекогаш е твој. Ако не се врати, значи никогаш и не бил.
Учи се од вчера, живеј за денес, надевај се за утре.
Трагедијата на животот не е во тоа што е толку краток, а во тоа што чекаме толку долго за да го започнеме…
Има две животни правила. Правило 1 – Не тревожи се за ситници! Правило 2 – Сите работи се ситници!
Каква е разликата помеѓу оптимист и песимист? Оптимистот се смее за да заборави, а песимистот заборава да се смее.
Две нешта на овој свет се безкрајни – човечката глупост и вселената. За второто не сум сосема сигурен.
Само слабите се стремат кон поредок. Силните владеат со хаосот.
Господ секогаш одговара на нашите молитви, но одговорот понекогаш е не.
Секој што се тревожи за иднината е несреќен!
Не сваќај го животот премногу сериозно, никогаш нема да се извлечиш од него жив.
На секој удар можеш да се спротиставиш, освен на сончевиот.
Има ли желба, има и начин. Нема ли желба, наоѓаме изговори.
Ако немаш непријатели, значи не си постигнал ништо во животот.
Глупаво е да правиш планови за цел живот, кога не си господар дури ни на утрешниот ден.
Смеј се и светот ќе се смее со тебе, плачи и ќе плачеш сам.
Има жени кои тврдат дека сите мажи се исти. Но не е ли тоа премногу богато искуство?
Жената за љубов би направила се, дури и секс. Мажот за секс дури и би сакал.
Оние што ме сакаат не ме заслужуваат, а оние што не ме сакаат немаат вкус!
Во животот можеш да веруваш само на себе си и тоа не секогаш.
Поразот не постои се додека човек не се признае за победен.
Никогаш не плачи за она, што не плаче за тебе.
Оној што е пријател на сите, не е пријател на никого.
Ова се мисли и фрази од познати светски мислитили, кои јас одвреме навреме ги читам, особено во моментите кога ќе ми биде тешко и тие навистина ме освестуваат и ми покажуваат дека јас сум на правиот пат…