Најдолг пат поминат со скирол

popara18 февруари, 20121min00
ginissssssssssssss

Некои луѓе насекаде се движат со својот автомобил и не ни помислуваат да „мрднат“ некаде пешки, со велосипед или пак со скирол. Но постојат и онакви луѓе кои едноставно како да се родени на скирол и толку многу сакаат да се возат на него, што не им е проблем да поминат и илјадници километри со своето омилено превозно средство.

Еден од нив е и Роб Томпсон од Нов Зеланд, кој со својот скирол поминал неверојатни 12 159 километри што, според Гинисовата книга на рекорди, е светскиот рекорд за најдолг пат поминат со скирол.

Својата „Одисеја“ Томпсон ја започнал на 24 јуни 2007 година во Лејзин, Швајцарија, а ја завршил на 28 септември 2008 година во Шангај, Кина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma