Откако паднаа во шок сите оние кој го погледнаа видеото низ целиот свет каде наводно е пронајден вонземјанин, истиот испадна дека е кукла. Имено, експертите утврдиле дека таа е направена од кокошја кожа и трошки леб. Илјадници корисници сериозно поверуваа дека вонземјанинот е вистински. Деталите за овој инцидент веднаш почнаа да ги испитува полицијата и обвинителите. Како што објавиле официјалите, тоа било изработена кукла кои двајца пријатели ја направиле и оставиле во снегот, потоа ја снимиле и истата ја објавиле на интернет. Властите успеале да ги пронајдат сторителите кои ја објавиле снимката. Станува збор за двајца тинејџери Томир Хил и Кирил Власов, пренесува life.ru. Засега тие не се казнети за снимката која го шокираше светот.