Македонскиот кошаркар Влатко Илиевски, кој го освои јадранскиот прстен, уште пред десет години, сака тој успех да се повтори сега, на домашен терен, кога натпреварувањето се игра во најсилен состав.
Илиевски со својот тим Унион Олимпја поготвено го пречекува големото финале во НЛБ Лигата против Партизан, и се надева на пехар во домашна атмосфера во љубљанската арена “Стожице“
“Дуелот помеѓу Партизан и Унион Олимпија ќе биде едно големо финале. Од прикажаното до сега за титула се борат двете најдобри екипи во текот нацелата сезона. Се надевам дека во натпреварот ќе уживаме, ние играчите и публиката која не прати цела сезона.” – изјави Илиевски пред финалето.
Желбата за регионален прстен никогаш не била поголема, а на кошаркарите на Олимпија во последно време никогаш не им била толку блиску.
“Очекувањата ни се максимални и не криеме дека го посакуваме трофејот.
Јас го освоив прв пред 10 години, кога немаше српски екипи во Јадранската Лига. Сега имам голема желба да тој исти успех го повторам кога натпреварувањето е на високо ниво, и во нај јак состав. Партизан е голема екипа која игра константно во текот на целата сезона. Системот на натпреварување не е променет од минатите сезони и имаат квалитетни странци. Ќе ни биде тешко, но јас сум оптимиста и се надевам дека Олимпија ќе излезе од финалето како победник.” – категоричен е макеоднскиот кошаркар.
Натпреварот е закажан за вечерва со почеток во 20:45 часот.
Извор: Спортнет