Малкумина знаат дека покрај едниот дел од Кинескиот ѕид, кинезите направија стаза за Боб, како атракција за туристите. На околу 70 километри североисточно од Пекинг во покраината Huairou, се наоѓа дел од ѕидот кој се вика Mutianyu. Покрај овој дел од ѕидот од неодамна кинезите направија боб-стаза за туристите. Спустот е многу брз и сите кои сакаат да ја пробаат оваа атркација обавезно мораат да ја намалуваат брзината во деловите каде има црвени знаменца. Три и пол минути трае возењето, не е наменето за оние со слабо срце и спор метаболизам. Погледнете го видеото од боб атракцијата.