Децата вредат богатство, ова важи и за брачниот пар Pitt и Jolie. Најновата информација е дека тие бараат дадилка која ќе се грижи за нивните шест деца. Сега во домот имаат шест деца и шест дадилки, за секое дете по една.
Но, тие сметаат дека повеќе нема потреба од тоа. Сега сакаат да има една дадилка која ќе се грижи за сите деца. Потребно е дадилката да познава повеќе јазици и да има висок степен на образование, како би ги учела нивните деца. Освен тоа ќе треба да знае да пее, игра и да знае да ги забавува децата. Дадилката која ќе ја добие работата ќе добива месечни примања од 150.000 долари.