Латино дивата Jennifer Lopez, која е дел од жирито на American Idol реши да го искористи моментот. Свесна дека гледаноста на American Idol е зголемена со нејзиното присуство таа реши да побара зголемување на хонорарот за 8 милиони долари, доколку сакаат да остане како дел од проектот.
До сега Jennifer зимала 12 милиони долари од сезона, а за следната 11-та сезона од American Idol таа побарала 20 милиони долари, и нејзиното парање е исполнето. Вакво барање имал и уште еден член од жирито, Steven Tyler но неговото барање не било одобрено.