Прекрасната 53 годишна актерка, Sharon Stone веќе два месеца е во врска со милионерот Johan Eliash, пишуваат американските магазини.
Sharon и Johan најпрво се видени на оскаровската забава во Лос Анџелес, а потоа уште неколку пати се видени заедно. Таа изјавила дека тие се добри пријатели кои меѓусебно се почитуваат и се подржуваат, а тоа е темелот за добра врска.
John не сакал да коментира само изјавил дека сè она што го кажала Sharon е точно.