Шенгенскиот договор е дел од европското право и невозможно е укинување на неговото дејствие, изјавил денеска портпаролот на Европската комисија, Оливие Баји, по првичните информации на Франција и на Италиja за преразгледување на нормите во договорот поради напливот од емигранти.
“Шенгенската спогодба е дел од дузина европски договори. За да биде укинато функционирањето на Шенгенскиот договор, одредената земја која го бара тоа ќе треба да ја напушти Европската унија“, потенцирал Баји.
Тој дополнил дека моментно е непоходно “привремено да биде обновена контролата по европските граници“, што исто така е предвидено со Шенгенскиот договор.
Извор: Нетпрес