Во Флорида се случила семејна трагедија во која починала 33 годишната Julia Bennett. Таа е мајката на две и пол годишниот син кој испукал куршум од пиштолот, и при тоа куршумот завршил во грбот на мајката.
Таа починала на лице место. Во моментот на пукањето таткото на момчето се обидувал да му го земе пиштолот, но за жал не успеал. Тој веднаш се јавил во полиција и побарал помош. Со неверување ја објаснувал ситуацијата обидувајќи се да ги контролира емоциите.
На таткото на момчето му се заканува пријава за невнимателност.