Најпознатиот британски модел Кејт Мос и Гвинет Палтроу поштено се извреѓале и станале главна тема на сите таблоиди.
За време на едно утринско џогирање актерката ја сретнала Кејт Мос, која уживала во прошетка на плажа и грицкала чипс.
Кога Кејт ја поздравила актерката и ја прашала зошто трча кога имала одлично тело, Гвинет во секунда ја упропастила со шегата: – Да не изгледам како тебе кога ќе остарам.
Мос останала без зборови, а потоа се соземала, го фрлила на неа чипсот и дофрлила:
-Јади малце јаглехидрати, кучко.
Нивната битка била главна тема на разговор во Холивуд.
Додека Гвинет е позната по својот здрав режим на исхрана и секојдевно вежбање, најплатениот британски модел има малку поразличен стил на живот кој вклучува луди ноќни проводи и пијанчење.