Како и сите Spyker модели, C12 LaTurbie е изграден од алуминиумски панели и алуминиумска рамка каде се наоѓа 6.0-литарски W12 мотор базиран Audi кој произведува 500 коњски сили и е централно монтиран. Овој мотор всушност се состои од два V6 мотори. Ваквите видови на мотори се наоѓаат во моделите како Audi A8 и Bentley Continental.
Spyker C12 LaTurbie има тежина од 1520 kg и забрзува од 0-100 км/ч за 3,9 секунди, а максималната брзина достига до 315 км/ч. Моторот е со погон на задните тркала и е спарен со 6-брзински мануелен менувач.