Sony го подготвува новиот VAIO лаптоп кој ќе работи на Chrome OS, открива LaptopPreviews.
Се работи за Chromebook со 11,6 инчен екран, со USB и HDMI порт, слот за SD картичка.
Се шпекулира дека би можел да работи на Nvidia Tegra 2 процесор.
Се шпекулира дека ќе има и 2 гигабајти РАМ меморија и 16 гигабајти SSD.
Samsung и Acer ги лансираа своите први комерцијални Chromebook компјутери минатата година, а кога може да се појави овој на Sony не е познато.
Се очекува неговата цена да биде помеѓу 300 и 400 долари.