Јавачот на бикови од Бразил, Емилио Резенде (24) одвај останал жив, кога на сред родео во Ново Мексико паднал од разбеснатото животно.
Чизмата и мамузот му останале заглавени во каишот кој бил закачен на бикот, а по падот животното тешко 680 килограми продолжило да скока и трча.
Во еден момент бикот високо ги кренал предните нозе, а јавачот паднал, кога сите во публиката помислиле дека Емилио е на „готов“ тој успеал да се извлече и да избегне страшна смрт.